Керозин

Mercedes CLS 63 AMG со 625 ks

Додека производителте се подготвуваат за презентација на своите модели во Париз, некои компании ги подобруваат веќе постоечките модели. Таков е случајот со компанијата Kicherer која го модифицирала моделот Mercedes CLS 63 AMG.

Оваа компанија ја претставила својата верзија на најсилниот Мерцедес CLS под името Yachting Edition.

Надворешната боја е графит нијанса, на предните тркала има 20 инчни алуминиумски фелни, додека задните имаат пречник од 21 инчи.

Седиштата се обложени со црна кожа, додека воланот е со специјален Алкантра материјал.

Под хаубата се наоѓа 5.5 литарски би-турбо V8 мотор, кој е засилен со дополнителни 100 кс, па сега може да развие 625 ks. Максималниот вртеж е зголемен на 860 Nm.

Максималната брзина на Mercedes CLS 63 AMG Yachting Edition е 300 km/h,а вградени се и високи прерормантни сопирачки.

 

Напиши коментар