Prison brake

Прошетка по пеколниот кањон

10 приказни за луѓе кои за влакно ја избегнале смртта

Во август, 1975 година, 25 годишната Линда Форини тргнала на прошетка на Големиот кањон заедно со своето куче Коко Џин. Очигледно дека свртела на погрешниот пат, и со секој изминат час таа навлегувала се подлабоко и подлабоко во недојдиа. Кога конечно сфатила дека погрешила, не можела да се врати назад бидејќи веќе била дезориентирана. Без храна и со минимална количина на вода, Линда и нејзиниот миленик преживеале 21 ден изгубени во пустината.

Бидејќи температурата го надминала и 40-от степен, Линда доживеала тежок облик на дехидрација. Кога спасителите ја пронашле лежела речиси без свест, бидејќи се помирила со фактот дека никогаш нема да биде пронајдена. За среќа и Линда и Коко преживеале.

Напиши коментар