Керозин

Првото Порше Бокстер од фабриката на Фолцваген

Porsche ќе го произведува својот модел Boxster во фабриката на Volkswagen во Оснабрек. Овој потег беше потребен, откако стана јасно дека фабриката на легендарната марка во Штутгарт, буквално не може да ги исполни во целост нарачките, поради малиот капацитет.

Првиот автомобил кој се симна од производствените ленти е црвен Boxster S со црн мек покрив и самиот настан беше пропратен со специјална церемонија. На настанот присуствуваа канцеларката на Долна Саксонија Дејвид Макалистер, градоначалникот на Оснабрек Борис Писториус, претседателот на управниот одбор на VW AG д-р Мартин Винтеркорн, како и Матијас Милер, главата на Porsche AG.

 

Напиши коментар