Керозин

RSC Predator GT

Германскиот производител на автомобили, Rotary Super Cars, доби критики од многу луѓе за дизајнот на Raptor GT, со тврдење дека тоа изгледа многу слично на дизајнот на Ferrari 599XX. Како што се испоставува, RSC ги зема овие зборови при срце и целосно го рестартираше целиот проект, давајќи му на автомобилот нов дизајн и ново име.

И покрај поромените во дизајнот, RSC сеуште планира за поставување на истиот монструозен мотор под хаубата, а тој се базира на Mazda 138 MSP Wanel моторот со четири ротори мотор кој произведува 1184 коњски сили. Овој мотор е спарен со секвенцијален 8-брзинскиот RSC R-SHIFT менувач, контролиран од страна на хидрауличен систем со брзина на менување од 25-35 милисекунди. Со оглед на тоа RSC планира да го изгради на Predator GT со тежина од само 1.100 килограми, односно супер-автомобилот би бил подготвен да постигне 0-100 км/ч во време под три секунди, што го става во стратосферата на едни од најбрзите машини на планетата, вклучувајќи го и поносниот Bugatti Veyron и подеднакво незапирлививата Koenigsegg Agera R.

1 Коментар

  1. od predatorov ke vidime samo ime posto prvo ne e Wenel tuku venkel motor a vtoro mazda vo najmoderno vreme propadna so top modlot RX-8 taka da tesko deka ovoj motor ke bide pouzdan i nepodlozen na kvarovi jas bi se kladel so bilo koj novinar od ovaa fela dekla kolava nema da zavrsi 24 le mans a kamoli da pobedi

Напиши коментар