Садам Хусеин
Во април 2003 година, на Американските сили им беа потребни три недели за да го соборат режимот на Садам Хусеин, но тој исчезна пред Американските маринци да му помогнат на ирачкиот народ да ја соборат статуа на Садам во централниот дел на Багдад, на 9 април истата година. Во текот на следните седум месеци, американските сили ги убија синовите на Садам, Удај и Кусај и започнаа потрага по соборениот ирачки лидер во неговиот роден град Тикрит, каде што американски специјални сили во декември 2003 година, буквално го извлекоа од дупка ископана во земјата во предградието на Тикрит. Садам беше осуден за воени злосторства, а три години подоцна погубен со бесење.