Кои се најпознатите диктатори на сите времиња?
Слободан Милошевиќ
“Times” потсетува дека српскиот Претседател Слободан Милошевиќ беше соборен од власт на “судбинскиот ден” во средината на октомври 2000 година, кога стотици илјади граѓани на Србија “се упатија кон канцеларијата на неговиот режим во Белград”, палејќи го Парламентот и затварајќи ја државната телевизија. “Она што е многу, многу е”, извикуваа со решителност да ги поништат изборните резултати и да стават крај на неговото владеење.
Според Тајм “дрскиот диктатор чиј национализам делумно доведе до распаѓање на Југославија и до крвави конфликти во текот на годините, едвај го призна поразот”. Поради масовните гробници и за воени злосторства кои беа поврзани со неговиот режим, беше донесе пред Меѓународниот суд.
Судењето траеше пет години се до неговата смрт во притворската единица во 2006 година.