Службата за државна безбедност (или скратено СДБ) беше безбедносна разузнавачка служба и тајна полиција на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Се до 1966 години, оваа организација го носеше називот Управа за државна безбедност (скратено УДБА), но откако беше разрешен Александар Ранковиќ, беше извршена реорганизација.
Управата за државна безбедност (УДБА) беше формирана во 1946 година со реорганизација на тогашната служба за безбедност – Одделот за заштита на народите (скратено ОЗНА) на цивилен и воен оддел. Од Првиот и Вториот оддел ОЗНЕ, во рамките на Министерството за внатрешни работи на ФНРЈ беше формирана Управата за државна безбедност, а од Третиот оддел ОЗНЕ беше формирана Контраразузнавачката служба на армијата на Југославија.
Како цивилна контраразузнавачка служба беше во рамките на Министерството за внатрешни работи (а, подоцна во Федералниот секретаријат за внатрешни работи), и се состоеше од четири главни сектори кои се занимаваат со:
- внатрешни непријатели на Федерацијата
- емиграција
- странски разузнавачки служби
- техники за следење и прислушкување
По разрешувањето на Александар Ранковиќ, поради наводното прислушувањето на Јосип Броз Тито, во јули 1966 година, следуваше реструктуирање на Управата за државна безбедност, чија цел беше отстранување на сите лојални кадри (вработени) во службата. Во рамките на организацијата, целосно беше сменето раководството на УДБА, како и Федералниот секретар за внатрешни работи на Југославија, Светислав Стефановиќ.
Во 1967 година службата беше федерализирана, односно секоја република доби своја служба за безбедност, додека пак на федерално ниво остана Федералната службата за државна безбедност, чии овластувања се повеќе се намалуваа. СДБ во тој период имаше свое раководство на федерално ниво, но секоја држава имаше своја служба за безбедност. Со текот на времето Безбедносните служби на ниво на Републиките добиваа се поголема моќ.