Спорт

Бомба! Таткото на Меси, обвинет за перење на пари од трговија со дрога!

Шпанскиот весник Ел Мундо сериозно го обвини семејството на Лионел Меси! Според него, Хорхе, таткото на ѕвездата на Барселона, е под истрага на полицијата за перење пари од трговија со дрога.

Семејството на Меси веќе најми адвокати кои ќе го тужат весникот. Таткото на Меси ги негира обвиненијата и побара оштета од најчитаното шпанско списание. “Тоа е  клеветничка кампања што доаѓа од Мадрид”, изјавил таткото на Меси.

Хорхе и Лео Меси беа истражувани од страна на шпанските даночни власти за неплатени даноци во висина од 15 милиони евра. Тие ги вратија парите во септември.

Write A Comment