Керозин

Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse: Најбрзата и најскапата кола во светот

Bugatti Veyron Grand Sport Vitesse на Volkswagen е најбрзата и најскапата кола во светот со исклучок на тркачките модели се разбира.

Од овој модел ќе бидат произведени најмногу 150 примероци.

Цената на ова богатство изнесува 2,3 милиони долари и само најбогатите ќе можат да седнат зад воланот.

Vitesse на француски значи брзина.

Во април моделот без кров постигна брзина од 408км/ч на пистата во Германија, што е и светски рекорд.

Комплетот гуми за оваа кола чини 35 000 долари.

Колата има 8 литров, W16 мотор со моќ од 1200 кс. Забрзува до 100 км/ч за 2,6 секунди!

Иницијалите ЕВ на колата произлегуваат од името на основачот на брендот Еторе Бугати. Вејрон е во чест на Пиер Вернон кој бил главен инжињер односно пилот и надпреварувач за компанијата.

Сопствениците добиваат два клуча за автомобилот. Малиот сребрен клуч е специјален и само со негова помош може да се развие максимална брзина.

Моторот е сместен во задниот дел:

Напиши коментар