Керозин

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА НОВИОТ JAGUAR?

Брендот Jaguar најверојатно е најпрепознатлив по својот спортски модел од 50-те и 60-те години. Нивниот револуционерен дизајн, квалитет и врвни перформанси како и успехот на тркачката патека им донесе слава ширум светот и врвно место во автомомобилската индустрија.

Еден од најпознатите модели од Jaguar е  D- Type кој се произведувал од 1954 до 1957 година. На овој модел за прв пат се забележани иновациите кои беа основа за славниот E- Type.

Денес дизајнерот Мутид Гупта направил концепт кој е инспириран од овој прочуен модел и кој се одликува со сите карактеристични особини на оргиналот, но во модерна варијанта.

Foto: muditgupta.net

 

Напиши коментар