Керозин

Lamborghini Aventador J – прототип за 2.1 милиони долари

Основните карактеристики на Lamborghini Aventador J, се разбира освен неверојатниот надворешен изглед е тоа што автомобилот нема кров ни предно стакло, што значи дека ќе треба да се вози со шлем на глава. Меѓутоа дизајнерите не уверуваат дека автомобилот е сосема соодветен за градските услови. Цената е навистина впечатлива – 2,1 милион долари. За оваа скромна сума сопственикот на Lamborghini Aventador J ќе добие 12-цилиндров мотор со обем 6,5 литри и моќ 700 коњски сили. Рековме сопственикот бидејќи овој модел е единствениот прототип, повеќе нема да се произведува, а овој е веќе купен.

Lamborghini Aventador J - прототип за 2.1 милиона долара

Напиши коментар