Најдобриот српски тенисер накратко рекетот го замени со дрвена лажица и тава, бидејќи како што вели тој сега е неговиот ред да подготви ручек за браќата.
Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е сестрана личност! Покрај тенисот, кој му главна професија, српскиот ас успева да и се посвети на музиката, глумата односно имитирањето на своите колеги, како и на готвењето.
Слободното време вториот играч во светот со задоволство го искористи за да подготви ручек за своите браќа, а сликата од кујната ја објави на друштвената мрежа Фејсбук.
– Денеска подготвував здрав ручек за моите браќа. Тоа беше мојот ред, а за да биде ручекот вкусен, важно е да биде подготвен со многу љубов – напишал Ѓоковиќ под сликата.
