Porsche 911 Turbo S претставува синоним за брзина. Овој автомобил кој со генерации претставува вистинско задоволство за љубителите на спортски автомобили, станува се побрз и побрз. Според фабричките податоци моделот 911 Turbo S располага со максимална брзина од 320km на час. Овој податок сам по себе е сјаен, но вистината говори нешто друго.

911 Turbo S е побрз од првичните податоци, а тоа го потврдија германски новинари кои го тестирале автомобилот. Едноставно ја притиснале плочката за гас до крај и не ја пуштиле се додека брзината не покажала фантастични 333km на час.

Покрај брзината, импресира и времето кое му е потребно на ова возило да развие брзина од 100km на час. На тестот, возачот успеал да ја достигне оваа брзина за 2,8 секунди, но не на прав пат, туку во блага кривина.




