Спорт

Пронајде тренер: Федерер ќе соработува со Едберг

Соработката сеуште не е официјализирана, но можно е еден од некогаш најдобрите тенисери во светот да стане водечки човек на стручниот штаб на третиот играч на планетата.

Швајцарецот Роџер Федерер по престанокот на соработката со Пол Анкон, официјално нема тренер, но дел од подготовките во Дубаи ги направи под надзор на некогашниот прв тенисер на светот Швеѓанецот Штефан Едберг.

“Штефан Едберг само што ја заврши еднонеделната обука со мене и мојот тим. Беше прекрасно да се тренира во друштво на мојот некогашен херој од детството”, изјави Федерер на социјалните мрежи.

Write A Comment