Motherhood

Одвикнете го детето од цицање прст!

Родителите треба да знаат дека цицањето на прстите носи здравствени проблеми. Цицањето на палецот кај поголемите деца може да предизвика искривување на забите, искривување на вилицата и дури и проблеми со говорот. Освен тоа, може да се појави инфекција на ноктот на палецот и да дојде до сушење и пукање на кожата на прстот.

  • Објаснете му зошто цицањето на палецот е штетно. Започнете со тоа што ќе му кажете што предизвикува цицањето – искривување на забите и вилицата, склоност кон појава на болести поради бактериите кои доаѓаат во устата и сл.
  • Секогаш кога ќе забележите дека го цица палецот, опоменете го нежно.Никогаш не му викајте, не го исмејувајте и не го критикувајте вашето дете. На тој начин може да создадете поголем стрес и да ја влошите состојбата.
  • Направете план за искоренување на оваа навика. Добро размислете што би го натерало вашето дете да се откаже од оваа навика и определете подолг период за да го спроведете планот (на пример, 3 месеци).
  • Добро темпирајте. Изберете период за откажување во кој вашето дете не е под стрес (не започнува на училиште, нема ново братче или сестриче, не започнува да оди во градинка).
  • Правете мали чекори. Прво определете една седмица во која детето нема да го цица палецот додека гледа телевизија, потоа определете седмица кога не треба да го цица додека се вози во кола итн. Не очекувајте дека оваа навика магично ќе исчезне. Мора да се движите бавно кон целта.
  • Маркирајте го напредокот. Земете календар и обележувајте ги сите успеси што ги постигнувате. Може да му дадете на вашето дете само да ги обележува со маркер деновите кога успешно се откажало од цицањето на прстот.
  • Наградувајте го за успесите. За секоја постигната цел, давајте му награда како посета на пица ресторан, гледање на повеќе филмови и сл. Можете да купите лепенки во форма на ѕвезда и за секој успех да го наградувате со по една ѕвезда.

Write A Comment