Спорт

3Д шоу: Погледнете зошто е Кавси најдобриот тим во НБА лигата (Видео)

Кливленд Кавалирси не се најдобар тим во НБА лигата, но без оглед на резултатите на пархетот на навивачите во Кју Арената им е загарантирано фантастично шоу.

Благодарение на новата технологија, Кавси, најавата за своите мечеви ја претвори во навистина невиден спектакл.

Имено, на пархетот на “Кју Арената”, која има капацитет 20.562 места, се проектираат 3Д видео снимки и тоа делува навистина импресивно.

Оваа иновација за прв пат е прикажана на 8. март, на церемонијата на која е пензиониран дресот на Зидрунас Илгаускас.

Кливленд е десетти тим во Источната конференција, со скоро 26 победи и 41 пораз.

Погледнете го шоуто во “Кју Арената”:

Напиши коментар