Sankt Galen направил пиво од измет на слон, а беше распродадено за само неколку минути. Напитокот со име “Un, Kono Kuro” нема да се најде во регуларна продажба, а направен е од зрна кафе кои преживеале во “слоновото варење”, па од изметот биле одвоени и преработени во лабораторија.
Имено, обичното темно пиво се добива од пржен слад, но ова пиво наместо тоа содржи пржено “слоновско” кафе.
Еден новинар од сајтот RocketNews24 имал можност да проба и еве ги неговите впечатоци:
“На почетокот имав чувство дека цело тело ми е презаситено од тој топол вкус, но подоцна бев среќен што имав уште две чаши” – напишал тој.
