Интересно е што мажите мислат за бракот. За многу кратко време откако ќе влезете во брак, ќе заборавите дека некогаш сте биле сам. Кога вашата жена ќе отпатува на службен пат, секако повикајте ги своите пријатели, но немојте да им викате: “Конечно имам слободна вечер“, и да лудувате како тинејџер…тоа е патетично.
Немојте никогаш да и кажете на својата жена: “Ти не си ми мајка“ или “Ги видовме твоите родители месецов, ќе мора ли пак“, или пак кога е лута и изнервирана, едноставно оставете ја сама, немојте да и кажете: “Дојди да те гушнам“.
Можеби ќе ви стане здодевно, и тогаш да почнете да сонувате за некоја нова згодна девојка што е нормално, но запамтете дека и сексот со вашата сопруга може да биде возбудлив и предизвикувачки. Секако разговарајте отворено со вашата сопруга што ви фали во кревет.
Запомнете некои ситни детали за вашата жена, на пример какво цвеќе сака или која чанта и се допаднала додека сте се шетале, и изненадете ја без повод. Прекрасно е чувството кога знаете дека вашата жена е среќна со вас.
Иако од време на време ќе мислите дека вашата жена има проблеми но никогаш не ги потценувајте нејзините чувства. Не избрзувајте со одлуки доколку нешто ви смета, и запамтете дека отворениот и искрен разговор е секогаш најдоброто решение.
Успехот на добар брак се состои во следново:

- Не сфаќајте си лично, кога таа е лошо расположена.
- Кога се карате не си ја префрлајте вината, и двајцата споделете си ја одговорноста.
- Делете си ги домашните обврски.
- Не се споредувајте со други парови.
- Не ги земајте здраво за готово малите нешта кои ги прави партнерот.
- Не се оптеретувајте со маните на партнерот, туку повеќе фокусирајте се на неговите добри страни.
- Не ги избегнувајте конфликтите и расправиите.
- Кога ќе ви се случи нешто големо во животот и важно за вас, без разлика дали е тоа добро или лошо споделете го со партнерот.