Керозин

Bugatti најави нов модел од серијата легенди!

Bugatti на претстојниот салон во Женева премиерно ќе го прикаже и четвртиот модел од серијата Legend Edition.

Во претходните извештаи било нагласено дека се работи за модел кој ќе биде наречен по Elisabeth Junek, истакната тркачка во раните 1920-ти.

Специјаното издание ќе се базира на Grand Sport Vitesse кој има осмолитарски W16 мотор чија моќност е 1200 “коња” и 1500Nm вртежен момент. Моторот работи во пар со менувач со седум брзини и со двостурк кумплунг кој овозможува забрзување од 100км на час за 2,6 секунди и достигнува максимална брзина од 408км на час.

Претседателот на Bugatti, д-р Wolfgang Schreiber, изајвил: “Серијата легенда е голем успех за Bugatti. Реакциите на нашите клиенти се неверојатни. Овие автомобили се уметнички дела”.

Сите девет модели во оваа серија – Meo Constantini, Jean-Pierre Wimille и Jean Bugatti – се распродадени, а чинеле 2.2 милоини евра.

Foto: Bugatti

Напиши коментар