Шпанскиот дизајнер и пилот, Оскар Винјас, осмислил прототип на авион, кој го нарекол “Небесен кит” (Sky Whale) и за кој вели дека е авион на иднината, “најбезбеден и најеколошки кој е досега направен”.
Авионот, кој изгледа како да излегол од некој филм од научна фантастика, е опремен со активни крила кои сами се поправаат и кои се одвојуваат од телото на авионот во случај на незгода при слетување.
Во него може да се сместат до 755 патници, на три нивоа, кои се можност уште повеќе да уживаат во летот благодарение на големите прозорци.
И покрај гигантската големина, “Небескиот кит” е многу полесен од актуелните авиони, па со самото тоа троши многу помалку гориво и ја чува животната средина.
Како што е соопштено од страна на SNN, авионот има четири мотори кои го покренуваат, и му овозможуваат вертикално полетување.
http://www.youtube.com/watch?v=beLUm4sDZZ8