Prison brake

Дали стварно петок 13 е малерозен ден?

Анализата на бројот на отсуства од работа во периодот од 2006 до 2008 година покажува дека токму на петок 13 има од три до пет пати повеќе работници кои зеле боледување.

Исто така е забележано и зголемување на психолошкото пореметување на тој ден – од напад на паника до затворање и неизлегување од дома. Суеверните на петок 13 избегнуваат огледала, а ако здогледаат црна мачка  го менувааат правецот на движење, не си ги сечат ноктите бидејќи како што се кажува, тоа носи тага.

Поради традиционалната психоза на тој ден, во некои болници и хотели не постојат соби со бројот 13, а според истражувањето на Доналд Даси, дури и 80% од облакодерите во светот немаат 13 кат.

Фобијата од овој ден и оваа бројка си доби и име – параскаведекатриофобија. Еве и зошто: Бројот 13 се смета за несреќен затоа што доаѓа после бројот 12 кој во некои религии се смета за среќен број. Затоа имало и 12 месециво годината, 12 Херкулови работници, 12 хороскопски знаци, 12 богови на Олимп, 12 апостоли на Исус. Во Библијата, Јуда бил 13от Исусов апостол на последната вечера.

Напиши коментар