ајдобро е на децата кои се помеѓу две и десет години да им се служи во “опуштена” атмосфера, односно да не правите “драма” окоу тоа. Како и со воведувањето на било кој друг вид намирник, и зеленчукот на децата сервирајте им го заедно со нивното омилено јадење. Секако дека не е добра идеа да ги терате децата со сила да јадат зеленчук и овошје (или било која друга врста храна). Исто така, во никој случај не смеете да ги “уценувате” децата од типот: “Ако го изедеш грашоков, ќе добиеш чоколадо”. На овој начин на детето му се праќа погрешна порака – дека зеленчукот е лош ако за неговото консумирање следи награда.
Ако имате деца постари од 10 години, најдобро е овошјето и зеленчукот секогаш да им е “при рака”. Тоа не значи дека фрижидерот треба да го наполните на пример со моркови, јаболки или шпаргли, туку треба да ги измиете, исчистете и да ги ставите во чинија, така што детето ќе може да ги изеде кога ќе посака. Имајте на ум дека повеќето од тинејџерите не сакаат да јадат овошје и зеленчук, затоа што превентивно делуваат на појавата на хроничните болести. Ако се здрави, тие сосема логично и нормално, околу болестите и не размислуваат многу. Наместо тоа, укажете им на некои други фактори, како на пример: дека ќе имаат повеќе енергија ако консумираат повеќе овошје и зеленчук, дека на тој начин ќе избегнат понатамошно изложување на диета и дека ќе имаат убав тен.
