Prison brake

Дознајте повеќе работи при првото запознавање!

Луѓето кои изгледаат како школски насилници не се такви, тие само имаат натпреварувачки дух. Кога овие луѓе се наоѓаат во ситуација во која се свесни дека компетитивноста ќе биде продуктивна, повеќе се караат со другите и што е најинтересно, на сметка на сопствената благосостојба работат за колективна цел. Така научниците ги објаснуваат агресивните лица на политичарите, директорите на големите компании и слично.

Научниците докажале дека луѓето кои имаат симетрично лице не само што се поубави од останатите, туку е голема веројатноста тие да се и побогати. Истражувањата покажале дека “патот” до симетрично лице воглавно е со одлични услови од раѓањето до созревањето кои пак се поврзуваат со побогати средини.

А кога личноста пораснала во богато семејство има многу поголеми шанси и самата да биде богата. Од друга страна, асиметричните лица веројано немале идеални услови во текот на животот и за сè работеле сами и се раководеле според сопствените инстинкти, поради што имале поголеми шанси да станат лидери.

Пет различни истражувања покажале дека луѓето кои сакаат да јадат слатки полесно можеме да се договориме во врска со некои прашања и таквите луѓе почесто прават добри дела без причина. “Слатките” луѓе се покажаа дека се подраги и пољубезни од оние кои наместо чоколадо посегнуваат по чипси или смоки.

 

Напиши коментар