Спорт

Дупка во одбраната: Барселона месец дена без Пике

Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике ќе прави пауза од еден месец заради повредата на десниот кук која ја доби во ремито на четвртфиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Пике се повреди во десеттата минута од натпреварот во текот на воздушниот дуел со Диего Коста, кој по 20-тата минута исто така мораше да го напушти теренот заради повреда на бутниот мускул.

Пике исто така ќе го пропушти и реванш мечот на четвртфиналето против Атлетико на 9-ти април во Мадрид.

Напиши коментар