Спорт

Федерер го слави поразот на Новак, Србите го нападнаа на Твитер!

Само по пет минути од натпреварот, Роџер Федерер на својот Твитер профил ја подели радоста со планетата поради победата на неговиот сонародник над српскиот тенисер Новак Џоковиќ.

Printskrin: Twitter/@rogerfederer

Играта на Станислав Варвинка го воодушеви најдобриот швајцарски играч на сите времиња кој преку Твитер го искажа своето воодушевување.

Набрзина реагирале и српските навивачи, на кои не им се допаднала реакцијата , а некои дури и претерале со навредите.

Имало и некои смешни коментари како “Тебе Новак веќе те испрати кон пензионерскиот дом, оди по тој пат” .

Мора да бидеме искрени и да кажеме дека и швајцарецот добил поддршка од голем број навивачи, кои исто така, го славеле триумфот на Варвинка.

Федерер својата шанса да влезе во полу-финалето на Австралија опен ќе ја има на 22 јануари, кога ќе игра дерби во четврт-финалето против Енди Мареј.

Write A Comment