Керозин

Футуристичен мотор на едно тркало

Футуристичкиот мотор, конечно реалност. Моторот на едно тркало конечно е претставен под брендот на компанијата RYNO motors.

Електричниот мотор изгледа како да е позајмен од некој научно-фантастичен филм, а неговиот невообичаен изглед ќе биде нестандарден за љубителите на класичните мотори.

Целата приказна околу RYNO почна во 2006 година кога инженерот Крис Хофман почна да работи на концептот инспириран од цртеж на неговата 13-годишна ќерка.

Таа го прашала дали може да направи таков мотор, кој претходно го видела на некој од тогашните видео игри. Осум години подоцна и по шест прототипи, Хофман ја реализирал желбата на неговата ќерка.

Со стандардната батерија, RYNO може да помине 16 километри. Сепак ако сте љубител на брзината, овој модел не е за вас, бидејќи максималната брзина му е околу 15 километри на час. Тежи 72,5 килограми и може да носи до 117кг вклучувајќи ја опремата и возачот. За погонот е задолжен електричен мотор со пет коњски сили.

Првите нарачки ќе бидат реализирани во април, а ќе чини 5.300 долари.

motorot-na-idninata-stana-realnost-chini-5300-dolari-169101 motorot-na-idninata-stana-realnost-chini-5300-dolari-169104 motorot-na-idninata-stana-realnost-chini-5300-dolari-169105

Write A Comment