Спорт

Хауард ја удри маскотата на Хјустон помеѓу нозете! (Видео)

Управата на Хјустон Рокетс одлучила по празниците малку да се нашали со своите кошаркари, па така во договор со маскотата на клубот одлучиле откако ќе заврши тренингот малку да ги исплашат НБА играчите.

Маскотата стоела на излезот од салата, и се претворала дека е кукла и чекала звездите на Хјустон да поминат покрај неа, а потоа таа да ги нападне. Лицата и однесувањето на кошаркарите се непроценливо смешни.

Некои од нив почнале да бегаат во паника, некои почнале да ја удираат маскотата, а најдобра реакција имал Двајт Хауард кому му паднал мобилниот телефон и почнал со клоци да ја удира маскотата на незгодно место.

http://www.youtube.com/watch?v=QJOoMprZleE

На крајот сепак на сите им било смешно и немало лутење.

Напиши коментар