Prison brake

Каде сакаат да живеат богаташите!

Од земја до земја се разликуваат  нивоата на кои се воведува највисока стапка на данок, па прагот за највисока стапка на данок во Велика Британија е 45%  на заработувачка поголема од 250.000 фунти, додека во Италија максималната стапка изнесува 43% на примања поголеми од 125.000 евра.

Како што пренесува BBC, иако не е опфатена во истражувањето, Данска е држава со интересна пресметка на данок: 60% плаќаат сите кои заработуваат повеќе од 60.000 евра годишно. Просечната даночна стапка во Белгија изнесува 43%, а во Чиле 7%.

Кога станува збор за заработувачката и даноците на “обичните смртници”, рекордно високи даноци има во Белгија, во која самците  даваат 43% од заработувачката за даноци и социјални давачки, по неа е Германија со 39,9%, а на дното на листата се наоѓаат Мексико со данок од 9,5% и Чиле со данок од 7%.

Истражувања на даночната стапка во развиениот свет покажаа дека најдобро да се биде богат е во Саудиска Арабија, додека на просечниот Грк , кога станува збор за данокот, најдобро му е да се разведе, пишува BBC.

Напиши коментар