Motherhood

Како да останете трудни!

Истражувањата покажуваат дека на жените со прекумерна или премала тежина им е потребно повеќе време за да зачнат, отколку на жените со нормална тежина.
Во рамките на едно истражување е мерен индексот на телесна маса (BMI) на 2112 бремени жени. Индексот во рамките на 18,5-24,9 се смета за нормален, а индексот 25-29,9 значи дека лицето е со прекумерна тежина. Резултатите покажале дека на жените кои имаат BMI над 25 им е потребно двојно повеќе време да зачнат, отколку на жените со нормален индекс на телесна маса. Од друга страна, на жените чиј индекс е под 19 им е потребно четири пати повеќе време да зачнат, отколку на жените со нормална телесна тежина.

И двата прекинете со пушењето. Добро познат совет. Пушењето влијае врз плодноста и на мажот и на жената. Затоа, двата откажете се од оваа штетена навика.

Темпирајте го сексот. Искористете го периодот кога сте најплодна, затоа што тогаш се најголеми шансите да зачнете. Тој период обично трае 6 дена. Најверојатно вие ќе останете бремена во 3-те дена пред овулацијата. Поради тоа, ако планирате да останете бремена, многу е важно да знаете кога е вашата овулација.

Без „чување“ – имајте почесто секс. Некои парови сметаат дека ако се чуваат и имаат секс само кога жената е во овулација, тоа ќе им ги зголеми шансите да станат родители. Тоа не треба да биде така. Сексот не треба да им причинува стрес на идните родители. Најдобро е да имате сексуален однос секој втор ден ако сакате да станете родители.

Да останете бремена и не е толку лесна работа, затоа направете сè што можете за поскоро да ѝ се радувате на специјалната задача да бидете родител.

 

Write A Comment