Prison brake

Како се однесуваат пијаните луѓе!

Ви прикажуваме како се однесуваат пијаните луѓе. Често овие критериуми ги опфаќаат повеќето од нас, ќе се препознаете сами или ќе препознаете некој пријател.

Непобедливост – Самодовербата и добрата волја се последица на алкохолот. Овие луѓе се сметаат за забавни и недопирливи. До недопирливост доаѓа кога ќе се изложат на секаков ризик, а ќе си ја спасат главата. Секако тука се и оние комични ситуации, кога за влакно не биле претепани, ама поради тоа што се непобедливи останале живи.

Сурова реалност – Врвот на пијанството е секогаш кога пијаниот кој мисли дека е најпаметен, најубав и најсилен се судира со реалноста и доживува шок. Станува агресивен без потреба, а има и момент кога ќе добие шамар кој ќе го залепи за подот и ќе го свести каде е.

Средбата со ваквите луѓе е навистина непријатна, но има решение и за ваквите луѓе – една “воспитна” треба да заврши работа.

Шеги – Секако дека пијан човек постојано се заебава со останатие, без разлика дали треба или не. Било да се зборува за виц кој не знае да го докаже, умира од смеа, било да е тоа некоја случка од секојдневието, овие луѓе се полни со шеги.

Напиши коментар