Prison brake

Какви се луѓе има на фејсбук?

Никогаш не ни е доста од класифицирање на карактерите на фејсбук, меѓутоа тоа е секогаш интересно и знае некогаш да не потсети што правиме, во случај да се пронаоѓаме во некоја од групите.

Најјаката женска!

Целта на егзистенцијата на оваа девојка е нејзините пријатели да сватат дека таа е постојано убава. Кај ваквите девојки можете да најдете 3-4000 фотографии распоредени во 20тина албуми. Пред секое излегување, легнување, прошетка во паркот, пред огледалото во WC-то, на бојлер… постојано нови фотки.

Секогаш се нагласени најголемите квалитети (гради, задник, усните…). Дебелите девојки многу често ја користат опцијата “Crop” во Photoshop па на нивните фотографии не се гледа ништо повеќе од лице. Кај оние пак каде Бог им подарил пеколно добро тело но со лицето малку си поиграл, фотографиите најчесто се на плажа, во профил и од малку подалеку.

YouTube метафоричари

Наместо да напишат статус па да кажат (пофалат) како луѓе, YouTube метафоричарите ставаат песна преку која треба да сватиме што имаат да кажат. Пример, Северина – Бред Пит – демек треба да сватиме дека “Ово че бити добра ноч предосечам”. Ова обично оди во Сабота околу 9-11 часот кога нашиот пријател се припрема за да оди во кафана за прејако да си помини. Во 3-4 по полноќ, истиот пријател објавува нова песна со која треба да сватиме дека ноќта навистина беше прејака – David Guetta – Memories (with lyrics).

YouTube метафоричари (парови)

Сигурно и на ваков пример имате налетано. Дечко и девојка се закарале па индирекно си се “поздравуваат” со песни кои ги поставуваат на своите “ѕидови”. Девојката ја објавува Цеца – Кукавица, па дечкото 5 мин подоцна, Џеј – Сунце љубави.

И нормално, и двајцата си ставаат по еден ироничен лајк.

 Турбо Фолк цитатори:

Овие личности ги искажуваат своите емоции и мисли преку цитирање на стихови од турбо фолк песни. На пример: некој ваш пријател заминал да студира во Словенија. По извесен период, на неговите статуси кулминира носталгијата за Македонија, патриотизмот и факти за Македонија која преку ноќ се претвори во најубавата држава на светот. И секако на ѕидот оди “Аца Лукас – Мирис тамјана” со статус “У овом граду ја немам никога!!!“

Лајк манијаци

Има луѓе кои не губат време дури и кога се на фејсбук… дечките си работат. Ставаат лајкови, коментираат каде ќе стигнат како да земаат пари од тоа. Пример, додавате некоја згодна пријателка од Македонска Каменица. Ги отварате нејзините профил слики и забележувате дека вашиот пријател (лајк манијак) веќе ја поминал… ја сработил. Сите профил слики и ги “лајкнал”, а вие по 10ти пат се прашувате: Кај ја најде и оваа???

Лајк манијаците обично имаат по 2-3000 пријатели.

“Да знајте кај сме!”

Овие не се поединци, најчесто е група од 4 или повеќе пријатели и најчесто од женскиот пол. Ја користат секоја прилика да ни покажат каде се во моментот. Услов е барем една од друштвото да има “паметен телефон” преку кој ќе ги тагни сите, па ќе знаете дека Тања Мирчевска заедно со Елена Велевска, Гордана Ристевска и Наташа Петровска се на кафе во Liquid и сé им е ТОП.

Целта на овие статуси е да знаеме дека тие одлично се забавуваат додека ние обичните смртници дремиме на фејсбук!

 

Напиши коментар