Bridal

Какви се очекувањата од идеалните брачни партнери!

Често трагаме по принцот на белиот коњ иили пак по мајката на нашите деца, па ова се вистините за посакуваните идни брачни партнери.

Кога 1500 учесници во едно истражување биле запрашани, кои се најдобрите особини кои една жена треба да ги поседува, тие ги посочиле следните одговори: Идеалната домакинка треба да се грижи за домот, да чисти, да готви и да биде добра мајка.

  • Да се грижи за домот – 44%;
  • Да готви – 39%;
  • Да чисти – 33%;
  • Да биде добра мајка – 31%;
  • Да го почитува мислењето на мажот – 31%.

Тоа значи дека мажите сè уште го имаат истото мислење, како и порано. Тие најмногу сакаат жена која да биде идеална домаќинка и добра мајка. Само 16% од нив посочиле дека им е важно жената да биде финансиски независна.

 

Кога женските учеснички во истото истражување биле запрашани да ги посочат најважните особини кои треба да ги поседува еден маж, тие ги посочиле следните одговори: Идеалниот маж треба финансиски да го обезбедува семејството.

  • Да го почитува мислењето на жената – 44%;
  • Да биде финансиски стабилен – 38%;
  • Да биде добар татко – 27%;
  • Да се грижи за машките обврски во домаќинството –25%;
  • Семејството да му биде приоритет – 22%.

Додека мажите не бараат од жената да биде финансиски стабилна, жените очекуваат мажот да биде тој што ќе го носи лебот во куќата. Очигледно очекувањата на мажите и жените кон своите партнери не се менуваат толку лесно.

Напиши коментар