Спорт

Кој е луд ова да го плати: Двејн Вејд го продава својот автограм за 560.000 долари (Видео)

Суперѕвездата на НБА, Двејн Вејд има високо мислење за себе. Кошаркарот на Мајами смета дека неговиот автограм вреди повеќе од половина милион долари.

Всушност, Вејд пре две ипол години за неговиот 30-ти роденден купи супер луксузен автомобил McLaren MP4-12C, а денеска за него бара три пати повеќе пари во однос на пазарната цена на ново возило.

Нов автомобил во изложбениот салон чини 239.000 долари, но Вејд го продава својот за неверојатни 799.000 долари.

Единствената разлика помеѓу овие два автомобили се седиштата со автограм на Двејн Вејд со натпис “Wade Limited Edition” (Вејд ограничено издание).

Сепак, се чини дека Вејд брзо ќе го продаде својот автомобил, без оглед на астрономската цена, бидејќи голем број на колекционери се заинтересирани за автомобилот.

Write A Comment