Кинезите направија електричното мини комбе со седум седишта, кое е долго четири метри, и се нарекува Umut.
Она што овој модел го издвојува од останатите електрични автомобили, мини комбиња и генерално останатите модели од светските компании, е фактот што тој целосно е направен од дрво.
Рачно изработениот автомобил има една необична предност: ако некогаш го оштетите автомобилот, не морате да одите кај скап автомеханичар, туку доволно е да пронајдете добар столар.

