Најстариот син на легендарниот Зинедин Зидан, 19-годишниот Енко наскоро би можел да го направи своето деби за првиот тим на Реал Мадрид, а судејќи по најновото видео, го очекува убава иднина во “кралскиот клуб”.
Имено, тој на натпреварот на помладите категории постигна спектакуларен гол за Реал и така на најдобар начин потврди дека крвта не е вода.
Интересно е дека сите четири сина на француската легенда играат во младинската школа на Реал и тоа многу успешно.
Погледнете го голот на талентираниот Енко Зидан:
