Motherhood

Мотивирајте го детето да јаде овошје и зеленчук!

Овошјето и зеленчукот помагаат како превенција од најразлични болести, но, тие се и одличен извор на витамини, минерали и растителни влакна, содржат малку маснотии, а содржат и фолна киселина (зелено листест зеленчук).

Следуваат неколку креативни совети како да ги наведете децата да јадат повеќе овошје и зеленчук:

Комбинација со зеленчук

1. Направете пире од тиква или сладок компир наместо обичен.

2. Збогатете ја пицата со домат, пиперки, печурки, ананас, млад лук и спанаќ.

3. Додадете зеленчук во супата.

4. Наполнете го печениот компир со пченични зрна, млад лук, печурки и црвена пиперка.

5. Бидете креативни при сервирањето на салата. Немојте само да правите салата од домат и краставица, туку додадете и коцкички пиперка, рендани печурки, рендан ѓумбир, кромид исецкан на кругови, листови спанаќ или било кој друг омилен зеленчук.

Комбинација со овошје

1. Додадете овошје на зелените салати – обидете се со парчиња круша, јаболка, грозје, манго, јагоди, бадеми или боровинки. 

2. Додадете неколку шаки боровинки или рендани банани во тестото за палачинки.

3. Додадете егзотично овошје, како што се папаја, манго или ананас во овошната салата.

4. Во блендер измиксајте јаболки, ѓумбир, морков и портокал, па сервирајте како освежувачки пијалок.

5. Запаковајте свежо овошје во пластична кутија, кои детето ќе ги понеде во школо. Исцедете малку лимонов сок на јаболките и крушите за да се спречи посинувањето.

Со малку креативност и труд можете да ги поттикнете своите деца да јадат повеќе овошје и зеленчук и да ја збогатат својата исхрана, а со тоа да го зајакнат својот организам. 

Напиши коментар