Мадрид – Најдобриот и најбогатиот фудбалер на светот Кристијано Роналдо одлучил да му ја плати операцијата на 10-месечното момче Ерик Ортез Круз.
Ова момче боледува од кортикална дисплазија. Тоа е нарушување на мозокот, кое предизвикува и до 30 напади на ден.
Смејството на Ерик очајнички се обидувало да собере доволно финансиски средства за операцијата.
Роналдо чул за нивниот проблем, а потоа одлучил да ги донира копачките и дресот со цел со новите донации да се соберат 60.000 евра за операцијата. Меѓутоа, фудбалерот на Реал пота се предомислил и решил самиот да ја плати операцијата.
Оваа операција на малото момче ќе му го спаси животот.
https://www.youtube.com/watch?v=2y9zAHxW0z4
