Motherhood

Направете домашна вкусна бебешка храна!

Ако и вие се одлучите да користите домашна бебешка храна, еве неколку совети кои би ви биле од голема корист:

  • Користете органски зеленчуци и овошја. Тие се одгледувани на природен начин без употреба на хемикалии. Затоа се најдобри за зачувување на здравјето на бебето. Некои зеленчуци како брокули, зелка, моркови, спанаќ и цвекло не треба да се консумираат од бебињата во поголеми количини од една до две лажици на едно хранење.
  • Отстранете ги сите семки и лушпата. Пред да започнете да го варите или пасирате овошјето, осигурајте се дека ги имате отстрането сите семки и лушпата.
  • Не ги чувајте остатоците од оброкот. Откако ќе го нахраните вашето бебе, остатоците исфрлете ги. Бебињата додека јадат оставаат плунка во храната и со тоа им помагаат на бактериите да се размножуваат.
  • За да омекне зеленчукот или овошјето, гответе ги во вода. Пред да направите пире овошјето и зеленчукот можете да ги варите во вода. Така тие ќе станат помеки. Водата во која сте ги вареле можете да ја користите да го разредите пирето за да не биде премногу густо.
  • Ако сте направиле поголемо количество – замрзнете го. Храната што ја приготвивте можете да ја замрзнете во форма на коцки (исто како што правите коцки мраз). Задолжително покриете ја со фолија. Кога ќе сакате да ја употребите замрзната храна, најдобро е да ја ставите во фрижидер околу 4 часа. Потоа, за да ја затоплите ставете ја во тавче на рингла. Мешајте внимателно и постојано проверувајте ја нејзината температура.
  • Не користете микробранова печка за да ја затоплите храната. Топлењето на храната во микробранова печка може да создаде жешки џебови, кои возможно е да не ги забележите. За да избегнете таква грешка со која може да го повредите вашето бебе, секогаш тестирајте ја храната за да се уверите дека е на умерена температура.
  • Кажете ѝ „не“ на тврдата храна. Не користете тврда храна за вашето бебе. Тоа најрано можете да го правите кога вашето бебе е на 4 месеци. Но, најдобро е да започнете со потврда храна кога бебето е на возраст 5-7 месеци. Дигестивниот систем на бебето пред да наврши 5 месеци не може да се справи со тврдата храна.
  • Не додавајте сол, шеќер, маргарин, путер или зачини во бебешката храна.Дигестивниот систем на бебето пред да наврши една година не е подготвен за овие додатоци во храната. Откако бебето ќе наполни една година, можете да започнете да ги користите зачините, но сепак умерено.

Напиши коментар