Спорт

Навивачите на Косово го запалија српското знаме (Видео)

Мечот е одигран на стадионот “AДЕМ Јашари”, пред околу 18.000 луѓе. Според некои информации, имало голема побарувачка за билети, а наводно на црниот пазар нивната цена достигнувала и 100 евра.

За овој меч биле акредитирани дури 110 медиуми, кои на стадионот ги претставувале 100 новинари, 40 сниматели и 60 фоторепортери.

Натпреварот го прател премиерот на Косово Хашим Тачи и претседателката Атифете Јахјага, директорот на ФИФА и десна рака на Блатер Валтер Гаг, како и кандидатот за претседател на ФИФА.

Сепак, воочи натпреварот се случил инцидент Косово го запалиле српското знаме. Навивачите се собрале на брегот на Ибар, кој го дели српскиот од албанскиот дел на Косовска Митровица и го запалиле знамето.

Напиши коментар