Никој не може да каже дека вашите деца нема да успеат дури и ако тоа се спротиставува целосно со она што вие го работите.
Помогнете им на вашите деца да си го пронајдат своето место во светот:
Охрабрувајте ги да ги следат своите соништа, а не вашите – Запрашајте се: Дали вашето дете посетува некоја активност бидејќи чувствува страст кон истата или вие го сакате тоа?
Истражувајте што навистина сака – Посетувајте разни активности од уметноста па се до економијата и медицината и видете на што најмногу вашето дете ќе покаже интерес.
Што ако вашето дете е талентирано? – Без разлика дали станува збор за музика или сликарсто,не заборавајте дека има детство. Оставете го да ужива во безгрижноста. Талентот е тука и може да го одржува со умерена работа.
Не смеете да бидете разочарани – Ако детето има поинакви визии од вашата кариера или бизнис, тоа е сосема во ред.
Дозволете му – Нека се образува и нека го надоградува знаењето од областа што искрено ја сака.
