Motherhood

Негувајте ја нежната бебешка кожа!

Малите бебиња се склони кон осипи. Добрата вест е што повеќето од нив не предизвикуваат штета и исчезнуваат по кратко време.

Најраспространет проблем е т.н. пеленски осип. Тој најчесто е предизвикан поради контактот на бебешката кожа со урината или столицата или заради претесни пелени, но може да биде предизвикан и ако кожата после капење не е доволно исушена, од бактерија, примање на антибиотици или од одреден бренд на пелени и влажни марамчиња. Во повеќето случаи на ваков тип осип не е неопходна медицинска помош.

Ако вашето бебе има зацрвенета кожа во областа на пелените, еве неколку совети:

  • Проверувајте ги пелените на бебето многу често.
  • Ако пелените се влажни или валкани веднаш треба да бидат сменети.
  • Не ги стегајте пелените. Тие не треба да бидат претесно поставени.
  • Капете го вашето малечко или само со вода или со нежни бебешки продукти, по можност без никаква или со слаба миризба.
  • Не користете бебешки влажни марамчиња, туку нежна чиста влажна крпа. Парфемот или алкохолот од влажните марамчиња може дополнително да ја иритира бебешката кожа.
  • Внимателно и целосно сушете ја неговата кожа после капење. Не му ги ставајте пелените, ако неговото газе не е доволно суво. Исто така, не треба да триете со крпа за да ја исушите кожата.
  • Не користете бебешка пудра.
  • Ако осипот не помине за 2-3 дена или ако се влошува, веднаш контактирајте со вашиот педијатар.

Напиши коментар