Motherhood

Немојте со сила да стапувате во брак!

Ласното одбројување на часовникот и фактот дека се приближуваат кон 30-тиот роденден или веќе ги дувнале свеќите на 30-тата роденденска торта без сомнение се доволно силни причини за многу жени да стапат во брак, со цел да го родат своето прво дете пред да биде предоцна.

Стапувањето во брак значи да се пронајде вистинската личност со која ќе го споделите остатокот од животот и со која ќе изградите здрава семејна средина за растење на среќни деца. Ако застанете на лудиот камен само поради тоа што стареете, може да завршите во несреќен брак без љубов, во кој ниту вашите деца не би биле среќни.

Длабоко во човековата природа е потребата за преживување, а потрагата по финансиска стабилност е еден начин да се задоволи таа потреба. Независно дали станува збор за посилниот или за понежниот пол, факт е дека за многу млади луѓепарите се главен мотив за стапување во брак. Некои одат во крајност и се мажат/женат само и само затоа што со бракот ќе се збогатат. Има такви кои го прават тоа по своја желба и такви кои се охрабрени од своите родители.

Парите не можат да ви купат среќа и љубов. Може да завршите во куќата од соништата и со полн плакар најубава облека, но без љубов и без верен сопруг покрај себе. Освен тоа, никогаш не можете да бидете сигурни колку време ќе трае финансиската стабилност. Тоа е како да градите куќа врз песок. Не заборавајте дека во секој момент може да дувне ветер и да го однесе песокот, а со тоа и вашата куќа ќе исчезне.

Благодарение на нашиот балкански менталитет, многу девојки стапуваат во брак веднаш откако ќе завршат факултет или откако ќе си најдат работа, затоа што тоа се смета за природен тек на случувањата во животот – факултет, вработување, брак, деца… Некои дури и се под притисок на своите родители кои со нетрпение очекуваат свадба, внучиња итн.

Стапувањето во брак не е детска игра. Тоа е сериозна работа и треба да биде одлука само и единствено на оние кои стапуваат во него, а не на нетрпеливите луѓе од нивното опкружување. Па, ако младиот пар одлучи дека треба да почека, тогаш другите треба да го почитуваат таквото решение.

Непланираната бременост принудува многу парови да го променат својот љубовен статус од „во врска“ во „во брак“. Веста за растењето на нов живот често дава старт на свадбени подготовки, без да им остави простор на паровите да размислат за иднината

Напиши коментар