Керозин

Новата Corvette Z06

Новата Corvetta Z06 премиерно ќе настапи оваа недела на детроитскиот NAIAS, а пред тоа се објавени неколку службени фотографии и податоци за овој автомобил.

На фотографиите може да видите навистина атрактивен автомобил со агресивно тело со различни аеродинамички додатоци од карбонски влакна, а поединечни украси во внатрешноста на автомобилот се исто така направени од истиот материјал.

Познато е дека моќноста на моторот на Corvette Z06 ќе има снага од 462Kw, односно 628 КС и максимален вртежен момент од 880 Nm. За сега не познато за каков мотор точно се работи, но најверојатен кандидат се атмосверскиот 7.0 V8, би-турбо или турбо V8 и компресор LT4 V8.

Производството на овој автомобил ќе започне кон крајот на оваа година, што значи дека првите испораки се очекуваат во почетокот на 2015. година. Засега не е познато дали овој автомобил ќе биде достапен и во Европа.

 

Напиши коментар