Навистина консумирањето на риба е корисно, но не треба да се претерува. За време на бременоста не треба да се консумира риба повеќе од два пати неделно.
Особено треба да се избегнува месо од ајкула, сабјарка и треба да се ограничи внесувањето на туна. Овие меса содржат жива, која што ако се консумира во големи количини може да му наштети на развивањето на нервниот систем на бебето.
Не се препорачува ниту консумирањето на жива морска храна како остриги или школки.
Алкохолот треба да се смета како забранет за време на бременоста. Иако нема докази дека малото количество алкохол може да му наштети на фетусот, најдобро е да го избегнувате целосно. Консумирањето на алкохол се сврзува со предвремено породување, вродени дефекти и мала телесна тежина на новороденчето.
Кофеинот треба да се ограничи на 300mg дневно. Треба да знаете дека освен во кафето, кофеин има и во чајот, некои газирани сокови и чоколадото.
Особено треба да сте внимателни со внесувањето на витаминот А. Храните кои што содржат големо количество витамин А, како џигерот, треба да се избегнуваат.
Непастеризираните сирења и млечни продукти треба да се исфрлат од исхраната. Тие се асоцираат со бактеријата листерија, која може да му наштети на вашето бебе.
Храната која што ја јадете треба да биде целосно зготвена. Ако јајцата или местото не се доволно готвени, ризикувате да се заразите со некоја бактерија.
