Некогашниот германски репрезентативец и член на Астон вила, Томас Хицлшпергер во интервју за германските медиуми откри дека е хомосексуалец и дека никогаш не се срамел од тоа, но не се осмелувал да ја открие вистината поради неговата професионална кариера.
– Во Англија, Италија и Германија да се биде хомосексуалец не е голема работа, барем не во соблекувалната. Јас никогаш не се срамев од тоа кој сум, но не е лесно да седите на маса заедно со уште 20 млади момчиња, кои се шегуваат на сметка на хомосексуалците.
– Да се биде геј во фудбалот е игнорирана тема. Мојата посветеност, боречки и победнички менталитет покажуваат дека “хомосексуалците не се меки” како што се зборува – изјави Хицлшпергер.
Германецот во својата кариера, покрај Астон Вила играше и за Штутгард, Лацио, Вест Хем, Волфсбург и Евертон, а за германската репрезентација одигра 52 натпревари.