Пушењето се сврзува со ниска плодност не само кај жените, а и кај мажите. Штетата од цигарите е толку голема, што ако вашата мајка пушела и вие имате помали шанси да зачнете.
- Кај жените никотинот го намалува производството на хормоните потребни во текот на бременоста. Исто така го забавува или спречува транспортирањето на јајце-клетката низ јајцеводот до матката.
- Во спермата на маж пушач има 15% помалку сперматозоиди, отколку во спермата на маж непушач. Пушењето го намалува и количеството спрема и способноста на сперматозоидите да се движат. Кај мажите пушењето влијае и врз крвните садови кои го снабдуваат пенисот, па може да предизвика и проблеми со ерекцијата.
Затоа, ако планирате да останете бремена, време е да ги откажете цигарите и вие и вашиот партнер. Така ќе ги зголемите шансите да станете родители и тоа што поскоро.
Бебињата чии мајки пушеле во текот на бременоста:
- Почесто се раѓаат предвреме.
- Имаат пониска телесна тежина за околу 200g од бебињата чии мајки не пушат. Овој ефект на цигарите се зголемува пропорционално т.е. колку повеќе пуши мајката, толку помала ќе биде тежината на бебето.
- Имаат помали органи од бебињата кои се родени од непушачи.
- Страдаат од полошо функционирање на белите дробови.
- Изложени се на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче.
- Се разболуваат почесто. Бебињата чии мајки пушат по 15 и повеќе цигари дневно, во текот на бременоста, посетуваат болница двојно повеќе во текот на првите месеци од нивниот живот.
- Најверојатно и тие ќе станат пушачи во текот на нивниот живот.
