На реванш натпреварот од Кралскиот куп меѓу фудбалерите на Атлетико и Реал Мадрид (0:2) двојниот стрелец (7 и 16 минута) за кралскиот клуб Кристијано Роналдо направи фаул над Хавиер Манкиљо.
Дефанзивецот на Атлетико падна на врат и имаше голема среќа што не дојде до голема повреда или фатални последици. Медицинскиот тим му пријде на Манкиљо, но тој стана по неколку минути.
Роналдо во текот на мечот успеа да падне и да изнуди еден од двата пенали, со кои Реал стекна предност од 5 голови и го осигура пласманот во големото финале.
http://www.youtube.com/watch?v=0Q4ua5nEAEg
http://www.youtube.com/watch?v=BQB0AYb50io
