Спорт

Сензација: Кина учествува на Копа Америка

Ова ќе биде прв пат Кина да учествува на големиот натпревар кој ќе се одржи во Јужна Америка, а нивните соседи, Јапонците учествуваа во 1999. година. Наводно и Јапонија била повикана да учествува, но таа одбила, па организаторите ја поканиле Кина.

Кина е во моментотв 88. селекција на ФИФА ранг листата, а во 2015. година ќе има привилегија да одигра уште еден голем натпревар, азијскиот Куп, кој ќе се одржи во Австралија.

Секоја година организаторите покануваат две земји учеснички надвор од границите на Јужна Америка, со цел да направат систем со 12 учесници распоредени во четири групи. Најчести учесници биле САД, Костарика, Хондурас и Мексико, кои ќе се пријават на турнирот во Чиле, а Шпанија го одбила учеството во 2011. година.

Напиши коментар