← НАЗАД НА БОЗА

Шегите во формула еден!

Шегите во формула еден!
692 Читања

Марк Вебер поради дефект на болидот не успеа да го извози последниот круг од неделната трка. Алонсо го забележал пријателот на стазата и одлучил да го однесе до гаражата.

Вебер седнал на болидот, но двајцата возачи на тој начин го прекшиле правилникот. Полошо поминал Австралијанецот со оглед на тоа дека ова му е трета опомена оваа сезона, па следната трка ќе мора да ја започне од десет места која е полоша позиција од онаа за која се избори во квалификациите.

Вебер на неколку пати изрази незадоволство поради одлуката, а тоа го искористиле Ферари и си направиле шега на негова сметка. Му испратиле сметка за такси од 25.000 долари, а на тоа додале и 2.500 долари бакшиш. Се чека реакција од Вебер.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk