Спорт

Шок на маратонот во Њујорк: Олимпискиот победник падна во несевест на крајот од трката (Видео)

Двојниот олимписки шампион Мо Фарах колабрираше во финишот на полумаратонот кој се одржа во Њујорк. Освен што ја изгуби свеста на крајот на трката, Фарах падна и во текот на неа, но успеа да се опорави па на крајот заврши на второто место зад Кениецот Geoffrey Mutai.

Фарах, кој од линијта на целта беше одведен во болничка количка, им се обрати на фановите преку Твитер.

-Добро се чувствувам. Ви благодарам за вашата загриженост. Разочаран сум од својот пласман. Дадов 100 проценти од своите можности. Не можев повеќе – напишал Фарах кој на Олимписките игри во Лондон во 2012. година освои злато на 5000 и 10 000 метри.

https://www.youtube.com/watch?v=KgWyRb2ZHyk

Напиши коментар